С O M A
somamed.stip@gmail.com + 389 77 511 517 + 389 77 511 517
Добредојдовте на нашата

Студентски Организирана Медицинска Асоцијација

Кои сме ние?

Fact #1

Која е нашата визија?

Нашата визија и работа е насочена кон инволвирање на студентите во интерактивно учество во градење на својата иднина, активно надградување на нивните знаења и ширење на гледиштата на медицинскиот студент како важен чинител во општеството.

Fact #1

Која е нашата секојдневна работа?

Членовите на СОМА секојдневно работат на промоција на здравјето и здравите животни навики,информирање на општеството за најновите информации и пласирање на најновите научни тези и истражувања од медицинската област, помош на загрозените лица и критичните категории од општеството,континуирана грижа и помош на студентите со цел подобра адаптација на студентскиот живот и студиите.

ЗА НАС

Студентски Организираната Медицинска Асоцијација е првото студентско здружение основано во градот Штип, С.Македонија. и првата студентска организација организирана од страна на студентите при Универзитетот "Гоце Делчев"- Штип. СОМА е нова организација,формирана во Октомври,2019та година.Нејзини основачи се Стефан Коцев,Борис Роглев,Филип Буџакоски,Филип Николов,Мариа Кондева, Елена Мечкароска,Симеон Стојанов,Владимир Панев, Марија Јорданоска,Исидора Ристовска,Мартина Михајлова и Диана Илоска - претседател.

  • Активно работиме за подобрување на медицинската едукација на студентите и олеснување на пристапот до изворите на најнови знаења и информации
  • Организираме едукативни,проактивни,информативни и хуманитарни настани кои медицинскиот студент ќе го вклучат покрај градење на сопствената иднина и во градење на подобро општество
  • Организираме едукативни настани чија цел е студентите активно да се вклучат во научно-истражувачката дејност и да дадат свој придонес во истата, да се стекнат со нови знаења и вештини и најважно од се да стекнат нови приијатели и да изградат незаборавни спомени.

Цели на организацијата

Цели на организацијата

  • Поставување на нови студентски стандарди и мотивација на студентите по општа медицина
  • Стекнување на легитимитет на студентите,зајакнување на нивната позиција во општеството како и нивна инклузивност во процесот на донесување на одлуки
  • Соработка со национални и интернационални студентски медицински организации, невладини организации и јавни институции
  • Подигнување на свеста во однос на здравјето и благосостојбата
  • Ангажирање околу унапредување на условите и стандардите на здравството со цел справување со масовното иселување на младите лекари
  • Грижа,заштита и унапредување на здравјето на работничките и работниците
  • Потенцирање на здравјето на мајката и новороденчето
  • Отворање перспективи за подобрување на менталното здравје
  • Промена на перцепцијата за лицата со попречености преку нивна инклузивност во општеството

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ

           ДИАНА ИЛОСКА

                Претседател на СОМА

         ФИЛИП НИКОЛОВ

     Потпретседател за внатрешни работи

       СИМЕОН СТОЈАНОВ

  Потпретседател за надворешни работи

                        ФИЛИП БУЏАКОСКИ

                                       Генерален секретар

                        ВЛАДИМИР ПАНЕВ

                                                  Благајник

Сакаш да бидеш дел од нас?




    Г А Л Е Р И Ј А

    icon
    СОМА БЛОГ

    Наскоро ...